Дома Фудбал Mилевски пред Украина: Утре да не се случи тоа што го видовме во Скопје

Mилевски пред Украина: Утре да не се случи тоа што го видовме во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја очекува натпреварот против Украина во рамките од квалификациите за Европското првенство.

Овој натпревар е важен и за двете селекции и само победникот ќе остане во игра за место на Европското првенство наредната година во Германија. На првиот натпревар во Скопје, Украина победи со 3:2, иако Македонија по првото полувреме имаше водство од 2:0.

„Утрешниот натпревар ќе биде комплетно различен од тој во Скопје. Дојдовме во ситуација во која на двете селекции им одговара само победа. Очекувам еден отворен меч од двете страни. Македонија треба да биде фокусирана во текот на сите 90 минути, а не како што се случи на првиот дуел во Скопје“, изјави селекторот на денешната прес-конференција.

Украина е квалитетна, но Македонија веќе покажа дека знае да игра и против силни репрезентации.

„Не треба да се трошат многу зборови за Украина. Тоа е селекција со одлични играчи, но Македонија и досега покажа дека знае да игра против силни противници. На последните два меча покажавме добра игра и се надевам дека така ќе продолжиме и на овој дуел“, додаде Милевски.

Натпреварот е закажан во терминот од 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голот против Верес му донесе место меѓу најдобрите на Станковски

Лука Станковски е избран меѓу најдобрите во украинското првенство по погодокот за Колос пр…