Дома Фудбал Останато Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната, а според последните најави од Германија еден од кандидатите е Зинедин Зидан.

Засега нема директен контакт помеѓу двете страни, но се наведува дека Зидан бил заинтересиран да го води Баерн Минхен каде што би имал можност да ги повтори успесите од минатото кои ги имаше со Реал Мадрид. Ќе потсетиме, Зидан со „кралевите“ освои три титули во низа во Лигата на шампионите.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во текстот на „Билд“ се нагласува дека Французинот ќе побара и уште една легенда на клубот во тимот, Франк Рибери. Зидан е надвор од тренерската работа од 2021 година кога си замина од Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…