Дома Македонски спорт Мак фудбал Ацо Стојков си замина од Брера!

Ацо Стојков си замина од Брера!

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Ацо Стојков ја информираше јавноста дека повеќе не е дел од АП Брера Струмица каде што ја извршуваше функцијата на спортски директор.

Стојков си заминува по резултатската криза во која влезе струмичкиот тим.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


„Сакам да ја информирам македонската спортска јавност дека од денес не сум повеќе спортски директор на Академија Пандев Брера Струмица. Во време на долгорочна резултатска криза доблест е да се понесе одговорност, дури и кога имаш најмалку вина. Но, одлуките се носат да се испочитуваат.

Им благодарам на фудбалерите за беспрекорната соработка, на клубот и управата за укажаната шанса и им посакувам успех во следниот период. Време е да се посветам на семејството и новите предизвици“, објави Стојков на социјалните мрежи.

Неговото заминување дојде по ремито против Брегалница (1:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Наполи

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…