Приоритет на Арсенал во јануарскиот преоден рок ќе биде засилување на одбраната со искусен дефанзивец.
Последната линија во текот на летото „топџиите“ ја засилија со Сократис и Лихштајнер, но поради повредите на Холдинг, Мавропанос и Белерин и не баш добрата форма на Мустафи стана јасно дека ќе мораат да купуваат во јануари.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Така на радарот на Арсенал се најде стоперот на Јувентус, Мехди Бенатија, Мароканецот минатата сезона играше одлично, но се враќањето на Бонучи беше преселен на клупата за резерви.
Лондонскиот клуб би можел да се обиде да го доведе во јануари, бидејќи самиот Бенатиа изрази желба да ја промени средината.
За него интерес покажуваат многу европски клубови, но медиумите тврдат дека токму Арсенал е во пол-позиција за неговиот потпис.
https://youtu.be/aoWveN-9YlI