Дома Фудбал Франција Арогантно однесување на Мбапе кон Хакими: Не ми се извинувај, дај ми една добра топка! 🎥

Арогантно однесување на Мбапе кон Хакими: Не ми се извинувај, дај ми една добра топка! 🎥

Често пати Килијан Мбапе е мета на критики на јавноста во последниот период поради неговиот однос на теренот и ароганцијата која ја покажува.

Сега се појави уште едно такво видео од натпреварот против Јувентус. Камерите од подтрибинскиот простор забележаа интересна конверзација помеѓу Хакими и Мбапе.

Французинот не беше задоволен од топките кои ги добиваше од својот соиграч.

“Мбапе: Се колнам, погледни го видеото….

Хакими: Ако е така, тогаш извини…..

Мбапе: Не е доволно да ми се извинуваш, дај ми една добра топка“, гласи нивнјиот разговор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Барселона повлече потег, сега се чека на Рафиња

Барселона започна преговори за нов договор со еден од своите најважни играчи. Бразилскиот …