Дома Фудбал Kилијан Мбапе два пати го одбил Манчестер Јунајтед, една од причините сега е повеќе од иронична

Kилијан Мбапе два пати го одбил Манчестер Јунајтед, една од причините сега е повеќе од иронична

Kилијан Мбапе денес е една од најголемите ѕвезди во светскиот фудбал и конечно го оствари својот детски сон играјќи за Реал Мадрид, но неговата кариера можеше да излезе сосема поинаку.

Додека беше тинејџер во Монако, неговото име се поврзуваше со Манчестер Јунајтед.

Aнглискиот гигант многу рано го препозна неговиот огромен потенцијал и почна да го следи младиот Французин.

Рајан Гигс сега открива дека Јунајтед знаел за Мбапе уште пред да стане светска суперѕвезда.

Во тоа време Гигс беше помошник на Луис ван Гал на Олд Трафорд, а информациите за талентираниот Французин ги доби од човек што го запозна за време на престојот во јужна Франција.

“Тој човек ми рече дека мора да го погледнеме играчот кој се вика Килијан Мбапе. Беше во Монако и мислеше дека е играч за Манчестер Јунајтед”, раскажа Гигс.

Потоа Гигс и Алберт Стјуивенберг отидоа да гледаат неколку натпревари на младинските категории на Монако, а она што го видоа веднаш ги импресионираше.

“Гледате некои играчи и размислувате дека можат да бидат посебни, но тој навистина изгледаше извонредно”, се присети Гигс, кој потоа препорача на скаутингот на Јунајтед да продолжи со следење на тогаш сè уште многу младиот Мбапе.

Сепак, скаутите на англискиот клуб тогаш не беа целосно уверени и оценија дека не е потребно да се направи конкретен потег.

Тоа беше првата прилика што Манчестер Јунајтед ја пропушти. Но, две години подоцна се појави уште позанимлива приказна.

Cпоред тогашните информации на L’Equipe, Мбапе не беше заинтересиран за премин на Олд Трафорд додека екипата ја водеше Жозе Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд на лето ќе ја напушти Англија, познато во кој клуб ќе ја продолжи кариерата

Според пишувањата на El Nacional, норвешкиот напаѓач наводно има намера да го напушти Манч…