
Болонја и Доменико Тедеско се разделија по само три месеци соработка.
Италијанско-германскиот тренер го доживеа третиот отказ во последните четири години. Отстранет е од РБ Лајпциг, договорот со белгиската репрезентација му истече без обновување, а отказ доби и во Фенербахче, па сега и во Болонја по само четири натпревари.
Причината за оваа рана смена е слабата сезона на Болонја со три порази и само едно реми во првите четири меча од Серија А. Сето тоа се случи еден ден по изјавата на извршниот директор Клаудио Фенучи дека Тедеско има поддршка од клубот.
Последните неколку години Тедеско со сигурност нема многу среќа. Од мај 2021, кога добро го заврши мандатот во Спартак, доби отказ во РБ Лајпциг по девет месеци, Белгија не сакаше да го продолжи договорот со него по годишна соработка од година и пол. Во Фенербахче исто така не се задржа цела година, а сега нов рекорд, по само три месеци и четири натпревари доби отказ.