Дома Топ вести Анчелоти во проблеми: Реал остана без стопери пред градското дерби!

Анчелоти во проблеми: Реал остана без стопери пред градското дерби!

Реал Мадрид вчера без поголеми проблеми славеше против Гетафе, меѓутоа по средбата тренерот Карло Анчелоти доби вести кои сигурно не му се допаднаа и тоа пред градското дерби против Атлетико Мадрид.

По првото полувреме Анчелоти го остави на клупата Антонио Рудигер кој ќе паузира неколку недели, Чуамени доби жолт картон и ќе биде суспендиран, па така Реал е во проблеми пред дуелот со градскиот ривал.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Анчелоти остана без штопери. Чуамени не е стопер, меѓутоа таму принудно игра поради повредите на други фудбалери, меѓутоа сега и тој нема да му биде на располагање. Во ваква ситуација како стопер против Атлетико се очекува да заигра Менди кој ќе треба да се адаптира на новата позиција.

Менди како централен дефанзивец принудно играше на два натпревари во сезоната 2020/2021 кога на клупата на Реал седеше Зидан. Интересно е што Реал на тие два натпревари не прими гол, а Менди дури и постигна гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…