
Арсенал договори продажба на белгискиот напаѓач Леандро Тросард на турски Бешикташ. Овој 31-годишник доби дозвола да отпатува во Истанбул на лекарски преглед и завршување на трансферот, објави клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тросард дојде во Арсенал од Брајтон во јануари 2023 година за 25 милиони евра со бонуси, а договорот со Топчиите го врза до 2027 година. Во 174 настапи за лондонскиот клуб постигна 36 голови и имаше 34 асистенции и беше еден од клучните играчи во тимот на Микел Артета кој минатата сезона ја освои титулата во Премиер лигата.
Минатата сезона Тросард беше важен играч за Артета и 21 пат беше во почетниот состав во лигата. Три кола пред крајот постигна клучен гол на патот до титулата во 83-та минута на натпреварот против Вест Хем, кој заврши со победа на Арсенал 1:0. Играше од првата минута и во финалето на Лигата на шампионите, во кое Арсенал беше поразен од Пари Сен-Жермен.