
Иднината на Душан Влаховиќ се уште е една од главните теми на летниот преоден рок, а српскиот напаѓач сега се наоѓа пред важна одлука.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според наводите на шпанскиот весник „Спорт“, Бешикташ одлучи да ги забрза преговорите и постави јасен рок за одговор од Влаховиќ.
Турскиот гигант му даде на 26-годишниот напаѓач 24 часа да се изјасни дали ја прифаќа нивната понуда или ќе бара нова средина.
Во Бешикташ не сакаат предолго да чекаат на расплетот на ситуацијата, поради што решиле да постават временско ограничување и што порано да дознаат на што се.
Иако понудата од Истанбул е на маса, Влаховиќ уште нема донесено конечна одлука за продолжување на кариерата.
Причината за тоа е фактот дека и понатаму внимателно го следи развојот на ситуацијата во Барселона, која веќе некое време се поврзува со неговото име.