Дома Фудбал Блиску е ноември: УЕФА подготвува противкандидат на Инфантино!

Блиску е ноември: УЕФА подготвува противкандидат на Инфантино!

Сето она што се случуваше пред и за време на овогодинешното Светско првенство во фудбал ја поттикна УЕФА сериозно да размислува за излегување со свој кандидат на следните избори за претседател на ФИФА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голем број национални федерации од Европа вршат притисок врз врвната организација, УЕФА, да предложи свој кандидат против Џани Инфантино на идните избори за водечкиот пост во светската фудбалска организација.

Инфантино во април на Конгресот на ФИФА најави дека ќе се кандидира за трет мандат, но очекуваше повторно да нема противник, како што беше и претходните два пати.

Темата дополнително се актуелизира кога ФИФА му ја додели Наградата за мир на Доналд Трамп, а Инфантино призна дека разговарал со американскиот претседател за укинување на суспензијата на Флоријан Балогун, што предизвика ескалација. За многу од главните фигури во европскиот фудбал, ова беше критична црвена линија којашто не смееше да се премине.

Инфантино се обиде да се оправда дека не е инволвиран во таа одлука и дека е донесена од Дисциплинската комисија на ФИФА. Но, негативно се одрази недостигот на објаснување од ‘дисциплинарците’, како и впечатокот дека решението било изречено од претседателот на комисијата без консултации со другите 17 членови.

Кого ќе номинира УЕФА?

Според логичните претпоставки, актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин, би бил најсоодветната опција, но според сегашните околности, тој нема да се кандидира. Чеферин планира да се бори повторно за својот пост во УЕФА.

Неколку национални федерации, како Белгија и Полска, покажаа подготвеност да му дадат поддршка на потпретседателот на УЕФА и лидер на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, како потенцијален противкандидат на Инфантино. Сепак, се чини дека Ал-Келаифи не е заинтересиран за таква патека.

Од друга страна, федерациите на Норвешка, Шпанија, Германија, Шведска и Босна и Херцеговина разгледуваат како опција и претседателот на Легија, Дариуш Миодуски. Полска изрази спремност да го поддржи Миодуски доколку Ал-Келаифи не одлучи да го преземе предизвикот.

Крајниот рок за поднесување на кандидатурите е 18-ти ноември годинава, кога на Конгресот на ФИФА во Рабат ќе се одржи гласањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малдини стана шеф на италијанскиот фудбал, па веднаш избра нов селектор

Андреа Пирло неочекувано се истакна како главен фаворит за клупата на италијанската фудбал…