
Манчестер Јунајтед официјално го објави второто засилување за денот. Откако претходно го ангажира велшкиот голман Карл Дарлоу, сега „црвените ѓаволи“ си го обезбедија и играчот од средниот ред на Астон Вила, Јури Тилеманс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Белгискиот интернационалец пристигнува на „Олд Трафорд“ за сума од 35 милиони фунти, што е и неговата откупна клаузула. Тој потпиша договор за пет сезони – до летото 2031 година.
Белгиецот покажа солидна игра и на Светското првенство, каде постигна два гола во пет натпревари за „црвените ѓаволи“ – како што е прекарот и на националниот тим на неговата родна земја.
Се очекува Тилеманс да го замени бразилецот Каземиро кој го напушти тимот во средината на теренот. Од Манчестер Јунајтед веќе го ангажираа и Андреј Сантос од Челси во средниот ред.