Дома Фудбал Лига на шампиони Анти-Барса петиција: Се собираат потписи за преигрување на мечот Барса – ПСЖ!

Анти-Барса петиција: Се собираат потписи за преигрување на мечот Барса – ПСЖ!

Петицијата за преигрување на реванш мечот од осминафналето во Лигата на шампионите помеѓу Барселона ПСЖ досега ја потпишале преку 200.000 луѓе, велат информациите на британскиот „Дејли мејл“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанецот Луис Мелендо Олмедо постави петиција на социјалните мрежи каде бара потписи од сите оние кои сметаат како и тој дека судењето на судијата Дениз Ајеткин од Германија на овој меч било лошо и директно влијаело на конечниот резултат и пласманот на Барселона во следната фаза од ЛШ.

Анти-Барса петицијата доживува огромна популарност, многу луѓе се потпишуваат за преигрување на историскиот дуел со ПСЖ па бројката надмина 200.000 луѓе.

До сега во историјата на ЛШ никогаш не се преиграл меч поради вакви причини, а петицијата можете да ја погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ВАР судијата на Мундијалот ослободен од обвинението: Не направил никаков контроверзен знак

По натпреварот помеѓу Германија и Курасао, австралискиот судија задолжен за ВАР контролата…