Дома Македонски спорт Ангеловски: Можевме во Словенија до три бода

Ангеловски: Можевме во Словенија до три бода

0

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Словенија освои бод, во квалификациите за Европското првенство 2020.

По натрепварот селекторот Ангеловски изјави дека е задоволен од играта и жали што не ги освоиле трети бода.

„Мислам дека на почетокот кажав се што ќе биде над три бода на два меча, ќе биде добро за нас. Но, по она што се случуваше на натпреварот, морам да кажам дека со оваа прекрасна игра можевме го освоиме целосниот плен. Играта радува, создававме шанси против Словенија и тоа на гостински терен. Тоа е показател на нашиот квалитет. Жалам што фудбалерите во завршните моменти ја загубија концентрацијата. Можевме во Словенија до три бода“ – изјави Ангеловски.

Нашата селекција следните два натпревари ги игра на домашен терен, прво со Полска, а потоа со Австрија.

 

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лидс му понуди на Тоти да се врати од пензија и да заигра за нив

Лидс Јунајтед минатата недела потврди дека сака да го доведе искусниот голман Буфон чиј до…