Дома Македонски спорт Мак ракомет Алушовски: Ова нека биде лекција за нас!

Алушовски: Ова нека биде лекција за нас!

Вардар со пораз од Мешков Брест (32:36) ја заврши групната фаза во ЛШ. „Црвено-црните“ останаа на седмото место и за противник во осминафиналето ќе го имаат тимот на Веспрем. 

Одбраната на Вардар воопшто не функционираше, особено во првото полувреме, а тренерот Алушовски истакна дека овој меч треба да биде лекција.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Сакам да им честитам на Мешков за победата. Добро го почнавме натпреварот се до 5-5, а потоа направивме некои грешки кои се недозволиви на натпревар од Лигата на шампионите, и на тоа ќе мора да поработиме во иднина“.

„Не бевме на ниво на задачата во одбрана, посебно во првиот дел кога примивме 20 гола. Беше тешко да се вратиш во мечот по осум гола негатива. Мислам дека оваа година многу работи ќе мора да се сменат ако сакаме добри резултати. Ова нека биде голема лекција за сите нас“, истакна Алушовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Чеферин го повикал Сејдини на итен состанок, позната и причината

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини денес престојуваше в…