Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонската ракометна репрезентација денес слави голем јубилеј!

Македонската ракометна репрезентација денес слави голем јубилеј!

Maкедонската ракометна репрезентација денес слави голем јубилеј – 30 години од првиот одигран натпревар.

На 15-ти декември во 1993 година најдобрата машка ракометна репрезентација го одигра првиот натпревар во кој игравме против Романија во рамките на „Карпати Купот“. Тој натпревар го загубивме со резултат 22:24.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата од клупата на тој натпревар ја предводеше Славе Атанасовски, а тренер беше Ванчо Јовановски. Најмногу голови за нас постигна легендата на македонскиот ракомет Стевче Алушовски (5).

СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА

ГОЛМАНИ – Стефче Стефановски, Зоран Петковски, Димитар Богдановски.

БЕКОВИ – Драган Маринковиќ, Горан Шопов, Томче Петрески, Звонко Шундовски, Среќко Георгиевски, Емил Стојановски, Боро Чурлевски, Миле Нешковски.

ПИКЕРИ – Орде Илиоски, Игор Котевски.

КРИЛА – Игор Тасевски, Тони Николовски, Стефче Алушовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Андре Виљаш-Боаш стана претседател – симна од тронот човек кој владееше 42 години!

Екипата на Порто во саботата доцна навечер доби нов претседател и тоа ќе биде Андре Вилаш …