Дома Македонски спорт Мак ракомет Алушовски: Во купот сите се фаворити, секој гледа своја шанса

Алушовски: Во купот сите се фаворити, секој гледа своја шанса

Завршниот Ф4 турнир од Купот на Македонија. се игра во салата во Автокоманда. Во полуфиналето, Вардар1961 утре (четврток) се среќава со Металург од 16,30 часот.

Во екипата на Вардар1961 единствено ќе недостасува Анте Гаџа кој поради повреда на раката задобиена на натпревар од репрезентацијата мораше да изврши мал хируршки зафат и неколку седмици нема да тренира.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


„Во Купот сите екипи се фаворити. Сите се надеваат дека може да победат. Тоа се два посебни натпревари, две посебни приказни, две сосема поинакви дуели. Секој ја гледа својата шанаса тука. Ова се четирите најквалитетни тимови и секој доаѓа со свој есап. Нема аутсајдери. Вардар никогаш не бегал од улогата што ја имал, и секогаш се стреми да биде победник. Во ситуација кога нема публика на трибините речиси е сеедно каде се игра. Треба да покажеме дека во моментов нашата форма е најдобра и овој месец да го завршиме планираното. Тренираме вредно, секојдневно. На овие дуели од Купот единствено ќе ни недостасува Анте Гаџа кој има повреда на раката и имаше операција. Сите други се максимално подготвени за полуфиналниот дуел со Металург. Тоа е дерби кое секогаш е интересно. Очекувам натпревари со висок интензитет и очекувам се разбира да бидеме победници“.

Вардар1961 е најуспешниот тим во Купот на Македонија со 13 освоени титули досега. Ова е 28. Куп на Македонија, а лани истиот не се одржа поради пандемијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Роби МекГаиган е нов европски шампион во снукер, Влатко Јанев донесе победа за Македонија

Викендов, со победата во финалето на С. Ирецот Роби МекГаиган над поранешниот професионале…