Дома Фудбал Англија Алиоски е хит во Англија поради потегот после победата на Лидс

Алиоски е хит во Англија поради потегот после победата на Лидс

Лидс е се поблиску до враќање во ПЛ, посебно после убедливата победа над Фулам со 3:0.

Стрелец на вториот погодок беше македонскиот репрезентативец Есџан Алиоски. Ова беше негов петти погодок оваа сезона во дресот на Лидс.

Алиоски се погрижи после натпреварот повеќе да се зборува за аплаузот упатен кон картонските навивачи отколку за самиот погодок.

Имено, после последниот судиски свиреж нашиот репрезентативец одлучи да аплаудира кон картонските кутии со лица на навивачи кои на стадионот се поставени околу 15.000.

Инаку, Лидс после 39 одиграни кола има 74 бода и е лидер на табелата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ја видовте реакцијата на Симеоне кога Гризман влезе во игра? (ВИДЕО)

Антоан Гризман минатото лето се реши да го напушти Атлетико каде што играше одлично и да с…