Српскиот напаѓач Александар Митровиќ би можел да стане нов играч на Ајнтрахт Франкфурт.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во редовите на Ајнтрахт Митровиќ би пристигнал како замена за Андре Силва кој направи трансфер во Лајпциг. Митровиќ сака да го напушти Фулам и да пронајде нова средина, а Франкфурт изгледа како одлична опција.
Претходно за услугите на Митровиќ, Фулам доби понуда од Динамо Москва, но таа беше одбиена. Очекувањата се Ајнтрахт да плати околу 25 милиони евра.