Дома Фудбал Италија Алегри потврди: Се враќам наредната сезона!

Алегри потврди: Се враќам наредната сезона!

Трофејниот италијански стратег Масимилиано Алегри потврди дека од лето ќе се врати на клупата на некој европски клуб.

Алегри минатото лето спогодбено си замина од Јувентус и имаше понуди од неколку европски гиганти, но реши да одмара една година.

Италијанецот е еден од најбараните тренери во Европа и потврди дека на лето повторно ќе се врати на терените, но не откри повеќе детали.

„Нема никакви преговори со ПСЖ и Милан. Тоа би било непочитување према другите тренери. Се уште не знам ништо за својата иднина, знам само дека сигурно ќе се вратам на лето. Доволно ми е од одмор, бидејќи сакам повторно да се посветам на работата. Вистина е дека учам англиски јазик, но поради себе. Ако одам надвор од Италија сакам да можам добро да комуницирам со играчите“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Спектакл на „Сан Сиро“, шест гола, без победник 🎥

Милан и Рома одиграа спектакуларен натпревар со шест гола, кој на крајот заврши без победн…