Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми синоќа влезе во историјата на хрватскиот фудбалски гигант.
Адеми го запиша својот 77. настап во Европа, а со тоа го сруши рекордот на Самир кој имаше 76. настапи за Динамо во европските натпреварувања.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Динамо Загреб обезбеди пласман во нокаут фазата, а со тоа Адеми може да го подобри рекордот за бројот на настапи во Европа.
Адеми овој рекорд ќе го постигнеше уште многу поодамна ако не беше допинг аферата во Динамо, поради која пропушти повеќе натпревари во сезоните 2015/16, 2016/17 и 2017/18.