Дома Фудбал Динамо Загреб се засили со фудбалер од „Ла Масија“

Динамо Загреб се засили со фудбалер од „Ла Масија“

Младиот шпански фудбалски талент Серги Домингуез денеска беше официјално претставен како ново засилување на хрватскиот гигант Динамо Загреб. Со ова, „модрите“ испратија јасна порака дека продолжуваат со стратегијата за вложување во перспективни играчи од најпрестижните фудбалски школи во Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Домингуез, кој настапува на позицијата централен дефанзивец, потпиша долгорочен договор со клубот од „Максимир“, откако претходно беше дел од славната академија на Барселона – „Ла Масија“.

Иако клубовите официјално не ги открија финансиските детали, медиумите во Хрватска и Шпанија пренесуваат дека трансферот изнесува околу 1,5 милиони евра. Дополнително, Барселона задржала процент од евентуалната идна продажба на играчот, што укажува на нивната доверба во потенцијалот на Домингуез.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете што објави Роналдо пред Хрватска: Пораката има над 3 милиони лајкови (Фото)

Во ноќта од четврток на петок во Торонто, Хрватска и Португалија ќе играат натпревар од ос…