Дома Фудбал Репрезентации Австрија ќе мора да ја изненадиме пред скоро полн „Ернст Хапел“

Австрија ќе мора да ја изненадиме пред скоро полн „Ернст Хапел“

Вечерва од 20:45 часот Македонија на гостински терен ќе игра против Австрија.

На Австријците им е потребен само бод во преостанатите два натпревари со нас и со Израел за да го обезбедат пласманот на Европското првенство. Австриските медиуми објавија дека за вечерашниот натпревар продадени се околу 40.000 билети од вкупно 48.000 колку што има капацитет „Ернст Хапел“.

Се најавуваа и голем број скаути од клубови како: Келн, Фиорентина, Манчестер Сити, Депортиво Ла Коруња, Аталанта…

Нашите шанси за пласман на ЕП се само теоретски бидејќи дури и вечерва да славиме на Австрија ќе биде потребен само бод против Летонија во последното коло. Сепак, не е дека немаме за што да играме, ќе се обидеме да завршиме трети што би било наш најдобар пласман во едни квалифиакции.

Инаку, ќе потсетиме шанса за ЕП ќе имаме преку баражот од Лигата на Нации каде што ќе играме против Косово.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Официјално: Наполи му врачи отказ на Анчелоти!

Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби официјална потврда, Карло Анчелоти пове…