Дома Фудбал Елмас: Даваме сè од себе за да ги исполниме нашите, но и соништата на многу деца во Македонија

Елмас: Даваме сè од себе за да ги исполниме нашите, но и соништата на многу деца во Македонија

Македонската фудбалска репрезентација имаше вечер за паметење на Националната арена „Тодор Проески“, совладувајќи го Лихтенштајн со убедливи 5-0. Со овој триумф нашите фудбалери направија чекор напред во борба за остварување на големиот сон – настап на Светското првенство.

Најрасположен за игра беше Елиф Елмас, кој со својата креативност и мајсторија уште еднаш докажа дека е еден од најдобрите на репрезентацијата.

„Одигравме квалитетен натпревар, знаевме овие три бода колку се важни. Искрено се надевам дека вака ќе продолжиме. Се ежам кога се зборува за Мундијалот, од самиот почеток целам на највисоко ниво, затоа и сме тука, даваме сè од себе за да ги исполниме нашите, но и соништата на многу деца“, кажа Елмас.

Македонија со оваа победа го презема првото место во групата и има 11 бодови, односно еден повеќе од Велс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден удар, гол и четвртфинале: Нкетија го реши Фулам

Кристал Палас славеше со 1-0 на „Крејвен Котиџ“, а покрај стрелецот Нкетија, клучен беше и…