Дома Фудбал Барселона заврши уште едно спектакуларно засилување!

Барселона заврши уште едно спектакуларно засилување!

Барселона, по Антони Гордон, заврши уште едно големо и спектакуларно засилување. На Камп Ноу доаѓа Бернардо Силва.

По девет години, Бернардо Силва го напушти Манчестер Сити и својата кариера 31-годишниот играч за врска ќе ја продолжи во Барселона. Од Каталонија пристигнуваат информации дека сѐ е договорено.

Во текот на минатите денови, Португалецот преговараше со низа други клубови, го одби Галатасарај, Јувентус, беше поврзуван дури и со Реал, но на крај одлучи да потпише за Барса.

“Барселона е на чекор до потписот со Бернардо Силва. Сѐ е завршено, се чекаат само одредени детали”, наведуваат извори блиски до каталонскиот клуб.

Деталите околу трансферот ќе бидат познати многу брзо. Силва на Камп Ноу доаѓа како слободен играч по истекот на неговиот договор со Манчестер Сити, каде помина изминатите девет години.

Бернардо ќе биде второ засилување на шампионите на Шпанија ова лето. Претходно беше ангажиран Антони Гордон од Њукасл во зделка вредна 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три клуба, без главен и спореден: Естрела гради поинаква фудбалска мрежа

Про Патрија е првата италијанска инвестиција на Естрела, која сака да поврзе клубови преку…