Дома Фудбал Прва мета за средниот ред на Интер е дете на Ливерпул

Прва мета за средниот ред на Интер е дете на Ливерпул

Интер сака да го засили средниот ред, и неколку играчи се во игра. Сепак, еден се издвојува.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за фудбалерот на Ливерпул Кертис Џонс, момче кое е во клубот од “Енфилд” од своите девет години. Нероазурите сакаат да го добијат под поволни услови, причината е што му истекува договорот за една година и веќе имало преговори со Ливерпул, но безуспешни.

“Газета” денеска истакнува дека Интер повторно се заинтересирал за овој фудбалер и дека Џонс е пред фудбалерот на Рома, Коне, на листата на желби на Кристијан Чиву.

Колку пари би можел да добие Ливерпул?

Тие бараат околу 30 милиони евра, ќе се обидат да добијат и цели 35, а Интер испратил понуда од 22 милиони евра, плус 3 милиони евра со бонуси. Разликата не е голема и би можело многу брзо да се постигне компромис, бидејќи, како што се наведува, постојат позитивни сигнали.

Ливерпул би можел да бара и процент од следната продажба доколку се случи да ја спушти цената под 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Букајо Сака: Сакам да испишам историја во Арсенал

Навивачите на Арсенал ќе очекуваат одлично издание од Букајо Сака во финалето на Лигата на…