Дома Фудбал Репрезентации Австралија се откажа, ќе гледаме Мундијал во Саудиска Арабија – ФИФА обвинета за малверзации!

Австралија се откажа, ќе гледаме Мундијал во Саудиска Арабија – ФИФА обвинета за малверзации!

Aвстралија во последен момент се откажа и Саудиска Арабија остана единствената земја кандидат за организација на Светското првенство во 2034 година, па така извесено е дека најдобрите светски репрезентации ќе се соберат во оваа земја.

Ова ќе предизвика нови контроверзии бидејќи „Human Right Watch“ ги обвини челниците на ФИФА дека ги игнорирале сопствените правила за на СП 2030 и СП 2034 одредени земји да бидат домаќини.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Во првиот случај се Шпанија, Португалија и Мароко, додека ФИФА за вториот ограничи дека домаќини можат да бидат само Азија и Океанија. Исто така обезбеди краток рок за поднесување кандидатура (до денес).

Сега откако Австралија се откажа, Саудиска Арабија остана единствен кандидат.

„Ја разгледавме можноста да се кандидатираме за организација на Светското првенство и земајќи ги во предвид сите фактори одлучивме да не влегуваме во трка за натпреварувањето во 2034“, порачаа од Фудбалскиот сојуз на Австралија.

Саудијците од друга страна сакаат Мундијалот да биде еден вид круна на сите вложувања во фудбалот кои ги започнаа во последната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ѓоковиќ номиниран за уште едно престижно признание – брка рекорд на Федерер!

Новак Ѓоковиќ е номиниран е за наградата „Лауреус“ за најдобар спортист во светот. Најдобр…