Дома Македонски спорт Ова е човекот кој ќе му суди на Вардар против Зенит

Ова е човекот кој ќе му суди на Вардар против Зенит

vardar

Европската куќа на фудбалот ги откри имињата на судиите за натпреварите од првото коло на Лигата на Европа, правдата на натпреварот помеѓу Вардар и Зенит ќе ја дели Данец.

Јакоб Келет, е човекот кој ќе биде главен судија на првиот натпревар на црвено-црните. Келет има 37 години и до сега не ја делел правдата на ниту една македонска екипа. Данецот во својата интернационална кариера ја делел правдата на 44 натпревари, на кои досудил 14 и покажал осум исклучувањата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што е познато Вардар со натпреварот против Зенит ја отвара сезоната во Лигата на Европа каде што покрај Зенит ќе се натпреварува во група со Реал Сосиедад и Розеборг. Билетите за натпреварот против рускиот претставник од денеска се пуштени во продажба.

Jacob Kelet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…