Стручниот штаб и селекторот на машката младинска репрезентација Радослав Стојановиќ го објавуви списокот на повикани ракометари за претстојните пријателски натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во рамки на машката ЕХФ недела младинската селекција на Македонија ќе оддигра пријателски средби против селекцијата на Словенија. Натпреварите ќе се оддиграат во Словенија во градот Зрече.
Натпреварите на младинската машка селекција се предвидени да се оддиграат на 10.05 (петок) во 18:00 часот и на 11.05 (сабота) во 10:30 часот.
Собирот е закажан на ден 07.05.2024 година (вторник) со почеток во 09:30 часот во Спортски Центар Борис Трајковски во Скопје.
