Дома Фудбал Тухел го посочи виновникот за двата гола на Реал

Тухел го посочи виновникот за двата гола на Реал

Баерн Минхен и Реал Мадрид ремизираа 2:2 во првиот натпревар од првото полуфинале во Лигата на шампионите.

Лерој Сане и Хари Кејн ги постигнаа головите за Баерн, а Винисиус Жуниор беше двоен стрелец за Реал. Реваншот ќе се игра за осум дена во Мадрид.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ким Мин-Јае, стоперот на Баерн, не се истакна. Винисиус му побегна со првиот гол, а направи и пенал што доведе до вториот гол. Тренерот на Баерн, Томас Тухел, ја коментираше неговата лоша игра по натпреварот.

“Тој беше премногу лош и во двата случаи. Прво, прерано тргна на Винисиус при првиот гол, а Тони Крос го фати на погрешна нога со додавањето. Ризикуваше и беше премногу агресивен. Во вториот гол, направи иста грешка. Игравме пет на два, бевме повеќе.

Немаше потреба толку агресивно да се брани Родриго. Кога Диер се обиде да му помогне. За жал, со квалитетот што го има Реал тие грешки се казнуваат. Тоа се случува, мора да продолжиме понатаму“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двајца кандидати за клупата на Челзи

Челзи денес и официјално се раздели со тренерот Маурисио Поетино и ја започна порагата по …