Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Два црвени картони и победа на Шкупи во скопското дерби со Вардар

ПМФЛ: Два црвени картони и победа на Шкупи во скопското дерби со Вардар

Екипата на Шкупи денеска во скопското дерби славеше убедлива победа од 3:0 против Вардар на стадионот во Чаир.

Имаше Вардар свои шанси во натпреварот, ја погодуваше и пречката, меѓутоа не може да се каже и дека Шкупи не заслужи да победи. По првите 45 минути мрежите мируваа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Домаќините го отворија резултатот по десетина минути игра во вториот дел кога Дуду се запиша во листата на стрелци. Веќе во 68-та минута Кристијан Трапановски зголеми на 2:0. Четири минути пред голот на Трапановски, Ристовски од редовите на Вардар заработи исклучување, па и тоа имаше влијание на резултатот.

Мрежата на Гачевски ја погоди и Гронер во 77-та минута. Се играше 81-та минута црвен картон заработија и домаќините, меѓутоа веќе немаше време Вардар да се врати во натпреварот.

На табелата во овој момент Шкупи е второпласиран со 51 бод колку што има и Струга, додека шкендија е трета со 45.

Во вториот натпревар кој се играше денеска во истиот термин Тиквеш и Силекс ги поделија бодовите одигрувајќи 1:1. Тиквеш со голот во 54. минута имаше предност се до завршницата, но тогаш гостите во третата минута од судиското продолжение дојдоа до бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ново изненадување од Ѓоковиќ: Австриски експерт се појави на неговиот тренинг

Во септември си заминаа Едоардо Арталди и Елена Капеларо, пред неколку недели Горан Иваниш…