Дома Фудбал Модриќ го собори рекордот на Реал стар речиси 60 години

Модриќ го собори рекордот на Реал стар речиси 60 години

Баерн Минхен и Реал Мадрид ремизираа 2:2 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Натпреварот се одигра пред 75.000 гледачи на Алијанц Арената во Минхен, а реваншот ќе се игра следната среда во Мадрид.

Реал водеше на полувремето благодарение на голот на Винисиус Жуниор во 24. минута, а Баерн направи пресврт со головите на Лерој Сане во 53. минута и Хари Кејн од пенал во 57. минута. Конечниот резултат повторно го постави Винисиус Жуниор со гол од пенал во 83. минута од натпреварот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Модриќ со својот настап против Баерн го собори историскиот рекорд на Реал кој стоеше речиси 60 години. Со 38 години и 234 дена, тој стана најстариот играч што се појавил за Реал Мадрид на меч од Лигата на шампионите (или пред Купот на шампионите).

Досега рекордот го држеше легендарниот Ференц Пушкаш, кој играше за Кралскиот клуб во ноември 1965 година, исто така во ремито 2:2 на гостувањето кај шкотскиот Килмарнок, со 38 години и 229 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четворица кандидати за наследник на Чави во Барселона

Иако во еден момент се чинеше дека Барселона нема да мора да се занимава со потрагата по н…