Тимот на Денвер го исфрли Лос Анџелес Лејкерс во првото коло од НБА плејофот со вкупни 4:1 во серијата. Актуелниот шампион предводен од Никола Јокиќ победи со 108:106 во петтиот натпревар во вторникот и со тоа го продолжи патот кон одбрана на шампионската титула.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најдобар во редовите на поразениот тим, завршувајќи ја својата 21 сезона во НБА лигата, беше Леброн Џејмс, кој за 44:05 минути се доближи на трипл-дабл учинок, забележувајќи 30 поени, 11 асистенции и девет скока.
Џејмс, кој во декември ќе наполни 40 години, на прес-конференцијата беше прашан дали тоа е неговиот последен натпревар за Лејкерс. Еден од најдобрите кошаркари во историјата изјави дека „го цени прашањето“, но „одби да одговори“. Два дена подоцна се огласи на социјалните мрежи.
„Видов и слушнав приказни за мојата иднина. Тоа го кажав синоќа и сега ќе го повторам. Сè уште не знам што ќе се случи, во моментов размислувам само да поминам време со моето семејство и пријателите. Откако ќе разговарам со моето семејство, советниците и претставниците, ќе ве дознаете и вие“, напиша Џејмс.
Џејмс играше во просек речиси 41 минута во петте натпревари од серијата против Денвер, а таква просечна минутажа во плеј-оф натпреварите немаше од 2018 година, кога го предводеше Кливленд во последната сезона пред да им се приклучи на Лејкерс.
I’ve seen, heard a lot of reports about my future. I said it last night and I’ll say it again. I do not know yet as I’m only thinking about spending time with my family & friends! When I know after speaking with the fam, my counsel as
— LeBron James (@KingJames) May 1, 2024