Дома Трансфер зона Интер пронајде голман за кој ќе плати 20 милиони евра

Интер пронајде голман за кој ќе плати 20 милиони евра

Додека екипата на Интер убедливо стигна до титулата шампион на Италија, раководството на клубот од Милано подготвува план за следната сезона кога е играчкиот кадар во прашање.

Симоне Инзаги од лето ќе ги има на располагање Мехди Тареми и Пјотр Зелински, се зборува и за Марио Хермосо кој исто така треба да пристигне без обештетување, но „нероаѕурите“ се спремни да доведат и фудбалери за одредена оштета.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, „Газета дело спорт“ објави дека голманот на Атлетико од Паранаенсе Бенто (24) наскоро би можел да стане нов член на Интер.

Новиот бразилски репрезентативец им дал дозвола на Италијанците да преговараат со матичниот клуб. Во Ломбардија се надеваат дека ќе ја победат конкуренцијата од Англија, а трансфер сумата би требало да изнесува околу 20 милиони евра.

Бенто забележа два настапи за Бразил во март против Англија и Шпанија, против „Гордиот Албион“ остави добар впечаток и ја зачува мрежата, што не остана незабележано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Изненадување од Островот: Манчестер Сити го продава Едерсон?!

Голманот на Манчестер Сити, Бразилецот Едерсон би можел на крајот на актуелната сезона да …