Баерн Минхен и Реал Мадрид ремизираа 2:2 во првиот натпревар од првото полуфинале во Лигата на шампионите. Лерој Сане и Хари Кејн погодија за Баерн, а Винисиус Жуниор двапати за Реал. Реваншот ќе се игра за осум дена во Мадрид.
По натпреварот играчот на Баерн, Томас Милер даде интервју во живо за телевизијата CBS, но имаше неочекуван гостин. Аурелиен Чоамени, играч на Реал, застана зад камерата и слушаше што зборува Германецот. „Чоамени ја слуша тактиката за следниот натпревар“, им рече Милер на новинарите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Французинот накратко упадна во кадарот, но потоа му беше кажано да почека на ред.
"Tchouaméni is listening for the tactics for the next game"@atchouameni couldn't help crash @esmuellert_'s #UCLToday interview 😂 pic.twitter.com/JLkEna3flM
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) April 30, 2024