Дома Останати Авто Мото Денот кога Формула 1 остана без едно од најголемите имиња во историјата

Денот кога Формула 1 остана без едно од најголемите имиња во историјата

На денешен ден пред 30 години животот го загуби легендарниот Аиртон Сена на трката за Големата награда на Сан Марино во Формула 1.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сена, еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, ако не и најдобар, почина на 34. годишна возраст откако ја изгуби контролата над својот болид со над 300 км/ч и удри во ѕидот на свиокот Тамбурело на патеката Енцо и Дино Ферари во Имола.

Легендарниот Бразилец победи на 41 трка во кариерата, освои три шампионски титули и остана запаметен како крал на квалификациите и најдобар возач на дожд на сите времиња.

Само ден претходно на истата патека за време на квалификациите на речиси истото место животот го загуби и Австриецот Роланд Раценбергер. Две трагедии, особено онаа од 1 мај 1994 година, засекогаш ги променија и Формула 1 и спортот воопшто.

И сега, 29 години подоцна, многумина размислуваат за „што ќе беше ако“, но едно е сигурно, Сена беше единствен, некои не го сакаа, многумина го сакаа, но тој беше и останува еден од најдобрите во историјата. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…