Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може да се сретнат само во битката за трофејот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вардарци ќе имаат потешка задача бидејќи ќе се соочат со Алкалоид, додека Пелистер ќе игра со Тиквеш. Трофејот во Купот сезонава го брани Вардар кој ова натпреварување го освојуваше 16 пати во историјата.
Еурофарм Пелистер на трофеј во Купот чека од 2005 година, додека Алкалоид и Тиквеш никогаш не го освоиле.
Кај дамите бранителот на трофејот, Ѓорче Петров ќе игра против Куманово, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Вардар и Чаир.
Завршниот турнир се игра од 17-ти до 19-ти мај во арената „Борис Трајковски“.