Дома Фудбал Легендата замина од Реал: За крај ги исплука Зидан и клубот!

Легендата замина од Реал: За крај ги исплука Зидан и клубот!

После 10 години и 13 освоени трофеи, Пепе како слободен играч ќе го напушти Реал Мадрид, а самиот фудбалер е разочаран од односот на клубот и тренерот према него.

Пепе со години беше неприкосновен лидер на одбраната, а со доаѓањето на Зидан полека се пресели на клупата. И покрај тоа тој сакаше да остане, побара нов договор, но следуваше шок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал му понуди договор на само една година, а Пепе го доживеа тоа како навреда после се што даде за „кралскиот“ дрес.

„Дали на крајот се поздравив со Зидан? Не, и клубот и тој знаеа дека заминувам дури и пред јас да го дознаам тоа. Не сакам да го обвинувам, има спектакурални резултати, но некои работи не ги разбирам кај Зидан, како онаа зошто наеднаш исчезнав од тимот“, изјави Пепе.

„Кога ми беше најтешко не застанаа покрај мене. Клубот тогаш не ме бранеше. Знаеше дека имам проблеми, дека ми е тешко, а не застана позади мене. Тоа навистина ме погоди“, заклучи Португалецот кој не сакаше да открие каде ќе ја продолжи кариерата, но медиумите тврдат дека веќе потпишал за ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…