Дома Фудбал Германија Гори во Рошток: Навивачите ги опожарија трибините (Видео)

Гори во Рошток: Навивачите ги опожарија трибините (Видео)

Вечерашната Куп средба помеѓу Ханза и Херта требаше да биде вистински спектакл, но натпреварот беше прекинат во 77. минута по инцидентот на трибините.

Дури 25 минути траеше смирувањето на ситуацијата во Рошток, но мечот на крајот сепак беше финализиран.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гостинските навивачи запалија бакли и пиротехника, изби и пожар на трибините, а домашните хулигани, познати по лошата репутација се насочија кон нив.

Главниот судија одлучи да ги испрати играчите на обата тима во соблекувалните при резултат 0:0, за да по паузата ги врати на теренот да го завршат последниот меч од првата рунда во рамки на Купот на Германија.

На Херта паузата очигледно и годеше, па по погодоците на Вајзер и Ибишевиќ обезбеди пласман во следната рунда од Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…