Дома Останати Тенис Скандал: На атрактивната руска тенисерка во Мадрид и украле 10.000 евра 🎥

Скандал: На атрактивната руска тенисерка во Мадрид и украле 10.000 евра 🎥

Руската тенисерка Марија Тимофеева пријавила во полиција дека била ограбена во Мадрид.

Оваа 20-годишна тенисерка, која поради изгледот европските медиуми ја нарекуваа и „новата Марија Шарапова“, дојде во главниот град на Шпанија да игра на Мастерс турнирот, но не успеа да се квалификува.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во последните неколку дена, додека бев во Мадрид, некој ми украде околу 10.000 евра од картичката. Шокирана сум бидејќи не знам како може да се случи. Картичката ја носев со мене цело време, освен еднаш кога ја оставив во хотелската соба додека се чистеше. Набавките беа направени овде во областа Мадрид. Обично за купување преку Интернет е потребен код за потврда, кој обично се испраќа на мојот телефон, но тој не пристигна. Едноставно е лудо“, изјави Тимофеева.

Тимофеева го привлече вниманието на јавноста годинава на Австралија опен, кога направи три изненадувања и се пласираше во осминафиналето. Во овој момент таа е 99-та тенисерка во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ги дозна можните противници за турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ дозна кој ќе му стои на патот до титулата на Мастерсот во Рим, а српскиот те…