Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска за нов претседател на организацијата.
Роча изминатиот период беше вршител на должноста претседател, откако поранешниот прв човек на РФЕФ, Луис Рубиалес, беше принуден да се повлече поради скандалот кога ја бакна в уста репрезентативката Џени Ермосо за време на церемонијата на доделувањето на златните медали по финалето на Светското првенство минатата година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Роча, кој наскоро ќе го прослави својот 70 роденден, беше единствен кандидат за претседателската должност.
Неодамна шпанската Влада го стави РФЕФ под надзор поради можна корупција, поврзана со „многубројни грешки во управувањето“.