Дома Фудбал Англија Гвардиола не се опушта: Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи и нас

Гвардиола не се опушта: Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи и нас

По убедливата победа на Манчестер Сити над Брајтон тимот на Пеп Гвардиола е уште еден чекор поблиску до титулата во Премиер лигата, но шпанскиот стратег не се опушта.

Иако до крајот на сезоната има уште пет кола во Сити се свесни дека ништо не е завршено.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


“Знаевме дека со пораз или нерешено, ја губиме нашата шанса во борбата за титулата. Притисокот е секако тука. Уште пет натпревари, да одиме натпревар по натпревар. Тоа е се што можам да ви кажам. Што се случи со Ливерпул, може да ни се случи и нам, но и на Арсенал. Луѓето не очекуваа дека Ливерпул ќе загуби од Кристал Палас или Евертон, но се случи, тоа е фудбалот“, изјави Гвардиола и додаде:

“Евертон се бори за опстанок во Премиер лигата. Исто и Нотингем Форест против кого играме. Мора да го почитуваме противникот, во спротивно нема да успееме”, заклучи Шпанецот.

Сити со 76 бода има бод помалку од лидерот во Премиер лигата, Арсенал, но и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…