Дома Фудбал Германија Се појави изненадувачки фаворит за клупата на Баерн Минхен

Се појави изненадувачки фаворит за клупата на Баерн Минхен

Aктуелниот селектор на репрезентацијата на Австрија, Ралф Рагник изненадувачки е новиот фаворит за да го наследи Томас Тухел на клупата на Баерн идната сезона.

Според информациите на медиумите, Рагник ќе го преземе Баерн по завршувањето на Европското првенство кое се игра ова лето во Германија од 14-ти јуни до 14-ти јули.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Најавите се дека двете страни би можеле да постигнат договор уште оваа недела. Како еден вид доказ дека нешто се случува медиумите ја посочуваат изјавата на спортскиот директор на Баерн, Макс Еберел.

Имено, тој викендов изјави дека потрагата на Баерн по нов тренер е во завршна фаза. Најголемата желба на Баерн беше шпанскиот стратег од клупата на Леверкузен, Чаби Алонсо, но на крајот тој одлучи да не го напушти својот тим.

Се наведува и дека првичните разговори со 65-годишниот Рагник започнале пред околу месец, па сега наводно се завршуваат одредени формалности.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Коленото на Родри изгледа ужасно: Познато кога Шпанецот се враќа на теренот

Родри(28), кој е освојувач на Златната топка, нема да игра до крајот на сезоната, откако к…