Германскиот фудбалер Тони Крос кажа дека сè уште ги разгледува опциите и не е сигурен дали ќе замине во пензија по Европското првенство (ЕП) во 2024 година.
Крос има договор со Реал Мадрид до јуни 2024 година, а „кралевите“ сакаат да му ја продолжат соработката барем на уште една сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не размислував за тоа. Многу работи ќе бидат јасни по Европското првенство. Сè уште немам ниту договор со клубот за следната сезона“, кажа Крос.
Крос досега настапи на 106 натпревари за Германија и постигна 17 голови.