Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди кој настапува во дресот на Трабзонспор во интервју за турските медиуми зборуваше и за периодот во Шпанија кога го носеше дресот на Леванте.
Барди низ кариерата стана познат како мајстор за слободни удари, а имаше и период кога во Шпанија го споредуваа со Лионел Меси во тој сегмент од играта.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега со задоволство на тие моменти се потсети и самиот Барди.
„Додека играв во Шпанија имав седум гола од 25 слободни удари, додека Меси постигна осум гола од 52 прекина, па така имав многу подобар процент од него. Искрено, ми беше мило што ме споредуваа со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња“, изјави Барди.
Годината пред оваа за Барди во Шпанија беше година во која немаше голем успех, а сега за првпат призна дека чувствувал сериозен притисок и товар врз себе.
„Минатата година беше многу тешка за мене, не сум зборувал за ова бидејќи ми е тешко. Цело време чувствував некаков товар, притисокот беше голем се додека едно утро јасно си кажав дека не сакам да заминам од Трабзон на ваков начин. Добив голема желба да останам и да оставам нешто важно тука. Од тој момент ситуацијата се промени“, истакна македонскиот репрезентативец.