Шпанскиот стратег Чаби Алонсо водејќи го Баер Леверкузен неодамна ја обезбеди титулата во Бундеслигата што беше прва и историска за овој клуб.
Но, Алонсо сега може да постави уште еден голем рекорд. Имено, ако Леверкузен остане непоразен во последните четири кола во Бундеслигата ќе влезе во малото друштво на клубови кои ја освоиле титулата во најсилните пет првенства без пораз.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вакво нешто во 21. век им успеа само на два клуба. Јувентус го направи тоа под водство на Антонио Конте во сезоната 2011/2012 и Арсенал предводен од Арсен Венгер во сезоната 2003/2004.
Кога ќе се погледне во минатото тоа им успеало само уште на: Престон Норт Енд во 1888/89 година, Џенова (1922/23), Про Варичели (1912/13), Атлетик Билбао (1928/29), Реал Мадрид (1931/32) и Милан (1991/92). Ќе потсетиме, тука се набројани само клубови кои триумфирале без пораз во најсилните пет првенства.