Дома Фудбал Италија „Ќе побараме на Јувентус да биде исфрлен во Серија Б и да му се одземе Скудетото“

„Ќе побараме на Јувентус да биде исфрлен во Серија Б и да му се одземе Скудетото“

Oвие денови во Италија актуелна е ситуацијата во која финансиската полиција во петокот влезе во канцеларијата на Јувентус да ја проверува документацијата.

„Старата дама“ се сомничи дека „штелувала“ сметките и прикажала нереална финансиска добивка. Доколку биде потврдено дека во Јувентус се виновни клубот може да биде казнет. Марко Донцели од Асоцијацијата за заштита на потрошувачите тврди дека Јувентус може да дури и да биде испратен во Серија Б, а едно Скудето да му биде одземено.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Ако се потврди дека Јувентс на нелегален начин стекнал предност во однос на ривалите со таквите зделки тогаш ќе се доведе во прашање регуларноста на првенството. Надлежните органи во таква ситуација ќе мораат да реагираат. Освен што би имало индивидуални казни, треба да се казни и клубот. Со цел да се заштита голем број навивачи ние би побарале преселба во Серија Б и одземање на последното Скудето“, порачува Донцели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…