Дома Трансфер зона Јунајтед спремен да плати 120 милиони евра за трагичарот од Мундијалот?

Јунајтед спремен да плати 120 милиони евра за трагичарот од Мундијалот?

Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани е на мета на голем број европски гиганти. „Билд“ сега открива дека за Французинот е заинтересиран и Манчестер Јунајтед кој за неговите услуги ќе понуди 120 милиони евра.

Клубот од „Олд Трафорд“ на лето повторно ќе бара нов напаѓач – заминувањето на Кристијано Роналдо на крајот на минатата година остави „дупка“ во нападот, а на шестмесечна позајмица беше доведен само Вегхорст кој не ги оправдува очекувањата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ерик тен Хаг се почесто го користи својот сонародник во средниот ред, додека Ентони Марсијал има постојани проблеми со повредите, а Маркус Рашфорд е единствената сигурна опција на позицијата најистурен фудбалер кој за среќа на „ѓаволите“ игра во супер форма.

Челниците на Ајнтрахт се свесни дека на „црвените ѓаволи“ очајно им требаат засилувања, па нема да го продадат Коло Муани за цена која е под нивната проценка. Французинот минатото лето дојде во Франкфурт од Нант како слободен играч и има договор до 2027 година.

Коло Муани игра феноменално оваа сезона, во сите натпреварувања досега запиша 16 гола и 14 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…