Дома Трансфер зона Јувентус ја „укарде“ големата желба на Интер

Јувентус ја „укарде“ големата желба на Интер

Јувентус постигна договор со португалскиот дефанзивец и член на Лил, Тиаго Џало, пренесоа италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите „старата дама“ ќе плати три милиони евра за услугите на Џало, а трансферот ќе се комплетира во следните денови.

Португалецот влезе во последните месеци од договорот со Лил, па францускиот клуб се согласи да го продаде за да не го загуби без обештетување.

Јувентус успеа да ја победи конкуренцијата, пред се од Интер, кој беше многу блиску до договор со Џало, но сакаше да го доведе на лето како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…