Дома Актуелно Јувентус го доведува синот на легендата на овој клуб?

Јувентус го доведува синот на легендата на овој клуб?

Како што пренесуваат италијанските медиуми, италијанскиот шампион Јувентус сериозно е заинтересиран во своите редови да го доведе синот на својот поранешен фудбалер.

„Старата дама“ е заинтересирана за еден од синовите на Турам. Поминаа 11 години откако Лилијан Турам го напушти Торино и премина во Барселона каде што ја заврши кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По неговите стапки сега би можел да тргне неговиот 16 годишен син, Кефрен Турам кој настапува за подмладокот на Монако.

Тинејџерот веќе дебитираше за младинскиот тим на Монако во Лигата на шампионите, но за разлика од неговиот татко кој беше централен дефанзивец, Кефрен игра во средината и по констируцијата повеќе потсетува на Патрик Виера кој исто така е поранешен фудбалер на Јувентус.

Кефрен Турам веќе забележа 12 настапи и постигне гол за кадетската репрезентација на Франција.

Да потсетиме, Лилијан Турам за „старата дама“ настапуваше од 2001 до 2006 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кошаркарите на Денвер ги изненадија навивачите – се загреваа во папучи: Еве и зошто

Екипата на Денвер изминатата вечер беше поразена од Лејкерс кој така успеа да намали со 3:…